Домашен пекмез од лимон

0
209

Состојки:

1 кг исечкани лимони (без лушпа и семки)

400 мл вода

600 г шеќер

1 1/2 лажичка сол

1 лажица путер

Приготвување:

  1. Во тенџере, ставете ги исечканиот лимон и вода и варете ги околу 30 минути повремено мешајќи.
  2. По 30 минути, додадете ги шеќерта и солта и зголемете ја температурата на ринглата и оставете да зоврие.
  3. Нека се вари на оваа температура уште 5 минути, а потоа тргнете го тенџерето од оган и додадете го путерот. Мешајте додека не се растопи и не се соедини со смесата.
  4. Ставете го пекмезот во стерилизирани тегли, ставете капаци и превртете ги наопаку. Оставете ги така околу 10 минути, а потоа исправете ги и дозволете целосно да се изладат. Ова би требало да е доволно за да не се расипе, но за секој случај, изедете ги побрзо.