Домашни равиоли полнети со тиква

0
480

Состојки:
Тесто:

400 г брашно
3 големи јајца
1 лажица зејтин
Малку сол

Фил:
250 г тиква
40 г пармезан
150 г кремаво сирење
Сол, црн пипер

Сос: 
10 дкг сланина
Мајчина душица
1 главица кромид
Путер
2 дл вода
1/2 лажичка нишесте
Пармезан

Приготвување:

1. Помешајте ги состојките за тестото и месете околу 20 минути па завиткајте го во крпа.
2. Преполовете ја тиквата, прелијте ја со маслиново масло и ставете ја во тепсија обложена со хартија за печење. Печете околу 45 минути на 180 степени Целзиусови.
3. Тиквата издлабете ја со лажица и направете пире, додадете го сирењето, сечкана мајчина душица, сол и црн пипер.
4. Расукајте го тестото на дебелина од околу2 мм.
5. Исечете го тестото во форма на праввоаголници и на средината од секоја ставете од филот.
6. Секој правоаголник навлажнете го со вода па споите ги краевите и оставете накусо да се исушат.
7. На путер пропржете ги кромидот и сланината, додадете ја водата помешана со нишесте и зачини. Кратко варете па прелијте преку равиолите и поросете со пармезан.