Доматите го намалуваат ширењето на клетките на ракот

Варениот сос од домати е поделотворен од свежите домати, покажало истражувањето

0
335

Целиот домат, а не само ликопенот што го содржи, може да го забави развојот на ракот на желудник и ракот на простата.

Варениот сос од домати го зголемува бројот на добри бактерии во желудникот, покажало едно неодамнешно истражување. Шпанските научници заклучиле дека варениот сос има поголем пробиотички ефект од сировите домати.

Иако здравите бактерии во цревата спречуваат некои антиоксиданси да се апсорбираат од сосот од домати, варењето на сосот ја зголемува делотворноста на истите бактерии, пишува Дејли меил.

Истражувачите наведуваат дека заради тоа, варениот сос од домати е подобар за здравјето на цревата од сировите домати, затоа што процесот на варење ја чува важната состојка која на доматот му дава црвена боја – ликопенот

Не е тајна дека доматите се здрави, а претходните истражувања тврдат дека со јадењето домати може да се забави напредокот на ракот на желудник и дека можат да го намалат ризикот од рак на простата. Меѓутоа, истражувањето спроведено минатата година открило дека овие плодови го спречуваат растот на клетките кога се јадат цели. Резултатите добиени во ова истражување се контрадикторни со претходните истражувања според кои само ликопенот помага во борбата против ракот.