Др.Прем Јагијаши: Македонија треба да инвестира во вински, гастро и здравствен туризам

0
225

Парк Хотел и Спа беше домаќин на предавањето на тема „Светски трендови и стандарди во туризмот“. Предавањето го одржа светски реномираниот говорник, глобален тренер, успешен претприемач, експерт-консултант, како и објавуван автор и издавач, д-р. Прем Јагијаши.

Д-р Прем, кој е наградуван експерт во туризмот, покрај претставувањето на светските трендови во туризмот и хотелиерството, посебно внимание посвети на медицинскиот и велнес туризам, гранки од туризмот кои се уште не се доволно развиени во Македонија и препорача Македонија да се фокусира на она што е специфично како понуда во земјата и да инвестира во развојот на винскиот, гастро и здравствениот туризам за кој тој смета дека има потенцијал.

„Денес, покрај светските трендови и стандарди, сакав да ги укажам и можностите за развој на македонскиот туризам пред домашните тур оператори. Моето истражување за состојбата на туристичката понуда, како на Балканот, секако подетално и на Македонија ми даде можност да ги детектирам предизвиците со кои се соочува македонскиот туризам, и притоа да дадам предлог насоки како може светските стандарди и трендови полесно да се вткаат во туристичката понуда на Македонија. Развивањето на туризмот има големо влијание врз економскиот, социјалниот, еколошкиот и бизнис сектор. Со моето денешно предавање кое беше организирано на покана на домаќинот на настанот Парк Хотел и Спа, се надевам дека успеав успешно да ги претставам позитивните влијанија на овој вид на туризам на секој од овие сектори“ рече д-р Прем Јагијаши.

„Предавањето беше иницирано со цел да се претстават светските стандарди и трендови во туризмот, стандарди кои ние во Парк Хотел и Спа се трудиме да ги одржиме и сакаме да ги претставиме, пред се, пред домашните тур оператори кои работат дирекно со домашните и странските туристи. Секако сакавме да ја претставиме и дополнителната можност од медицински и велнес туризам, гранки за кои сметаме дека имаме капацитет да ги реализираме“ рече Томислав Саздовски извршен директор на Парк Хотел и Спа.