Дранк џели

Светот полуде по вино, а винарии никнуваат како печурки по дожд. И тоа е супер, ама би пробале ли и пекмез од вино?

0
363

Го видовме неодамна на интернет. Се вика „Drunk Jelly“ и го има со различни вкусови. Овој пекмез го има со вкусови на неколку различни сорти на вино меѓу кои се розе, мерлот, каберне шевињон, мускат, шардоне,…

Иако станува збор за пекмез од вино, тој не содржи алкохол па е идеален за појадок со кришка црно лепче и путер. Настанал според идејата на оснивачката на брендот Марти Милмен која, како што стои во описот на брендот барала изговор во секој свој ден да додаде што повеќе вино.

Засега „Drunk Jelly“ се продава само на https://www.etsy.com/ по цена од 6 до 9 долари, а се чини дека наскоро би можел да го освои светот!