Дубровничка рожата

0
411

Состојки:

0,5 л млеко

6 јајца

6 лажици шеќер

2 кесички ванилин шеќер

Кора од лимон

Ликер од ливчиња роза

200 г шеќер за карамел

Приготвување:

  1. Шеќерот и ванилиниот шеќер се мешаат со млекото, се проваруваат и се тргаат од оган да се олади. Се матат јајцата и се мешаат со оладеното млеко, се ренда кората од лимон и се додаваат неколку капки од ликерот.
  2. Се растопува шеќерот (200 г) до фаза на карамелизирање. Внимателно се разлева по страните од садот во кој ќе се пече рожатата и се остава да се олади. Потоа внатре се става подготвената смеса, и истата се става во поголем сад со вода.
  3. Се пече 45 минути во загреана рерна на 150 степени.

4. Добро изладената тожата одвојте ја од ѕидовите на садот во кој се печела, ставете врз садот чинија, притиснете го и превртете го. На крајот накапете уште неколку капки од ликерот.