Ќе пукнам колку се прејадов!

0
306

На сите ни е познато она чувство како да ќе експлодираме откако ќе претераме со храната. Во ретки случаи тоа е дури и можно.

Popular Science се занимавал со оваа тема, споредувајќи го желудникот со балон, кој е сосема мал кога е празен, и, логично, се шири како што се полни, И како и балонот, желудникот има точка на пукање. Сепак, постои една разлика. Разликата е во тоа што ако премногу го надувате балонот, притисокот и волуменот создаваат поцврста врска, па како што расте притисокот, така се зголемува волуменот, додека кај желудникот не е така. Состојбата на желудникот не е одредена само со она што сме го внесле.

Внесувањето го контролираат и нервите, како и хормоните но е потешко да се измери нивното влијание врз желудникот. Празен желудник може да држи два до три децилитри течности. Тоа не е ниту едно шише кока-кола, пишува Popular Science.

Волуменот се дуплира во моментот кога почнувате да јадете, дури и ако само размислувате за јадење. Рефлексот на мозокот преку нервот вагус му порачува на желудникот дека стасува храна. А кога ќе стаса, желудникот се опушта за да направи место.

Која е разликата помеѓу балонот и желудникот?

За разлика од балонот, зголемувањето на притисокот заради храна или течност не прави желудникот да се опушти и да се прошири. Тоа е сето резултат на тоа што мозокот им порачува на нервите во желудникот. Оваа експанзија не како кај балонот кој се полни со воздух. Желуникот е прекриен со надолжни набори, кои се шират како што органот расте. Но тие набори имаат ограничување. Клетките на желудникот се обележани со нерви. Кога ќе ја досегнеме точката дека доволно сме изеле, овие нерви праќаат сигнал во мозокот и порачуваат дека сме полни и дека треба да престанеме да јадеме.

Желудникот има излезен отвор и храната останува во желудникот од 10 до 15 минути пред да почне да излегува. Колку е голем желудникот за тие 10 до 15 минути? Тоа зависи од многу фактори, староста, здравјето, прехранбените навики, хормоните, но најважно е да слушате што ви порачува желудникот. За повеќето луѓе чувството дека се прејале почнува откако желудникот има 4,7 до 14,7 дцл течности. Но со текот на времето желудникот може да се рашири ако почесто практикувате да се прејадувате. На пример, на натпревар во јадење кренвишли победникот изел 72 хот-дога. Тоа е 7,5 литри храна во желудникот. Мозокот има последен збор за тоа колку можеме да изедеме.

Може ли совршено здрав желудник да експлодира од премногу храна?

Засега се документирани само шест такви случаи. Главно, не. Желудникот е орган кој сепак бара да не претеруваме со храната доколку сакаме да е што подолго здрав и функционален.

Еве што се случува во организмот кога ќе се прејадеме

Откако ќе изедеме оброк со висока содржина на масти, шеќери и јаглени хидрати, нашето тело едноставно троши премногу енергија за да ја свари изедената храна заради што често се чувствуваме уморни и безволни. Кога доаѓа до варење на храната, панкреасот произведува хормон инсулин што за возврат доведува до пораст на мелатонинот и серотонинот заради што истовремено можеме да се чувствуваме и поспани и среќни.

Понекогаш се случува дури и тешко да ги држиме очите отворени затоа што глукозата од храната може да ги поремети невроните во мозокот кои во текот на денот произведуваат протеини кои не одржуваат будни.

Масните клетки произведуваат хормон лептин кој му праќа на мозокот сигнали дека повеќе не сме гладни. Секогаш кога ќе изедеме малку повеќе отколку што требало, телото ќе произведе повеќе од овој хормон, а после одредено време стануваме резистентни заради тоа што мозокот повеќе не е во состојба да препознае дали сме јаделе или не.

Колку и да е тешко да му одолееме на вкусен оброк, понекогаш е најдобро да го послушаме своето тело. Иако после обилен оброк физичката активност е последната работа што ќе ви падне на памет, најдобро би било после јадење да прошетате на свеж воздух за да го забрзате варењето на храната, а ќе го намалите и чувството на надуеност кое се јавува после јадењето.

Фото: Pixabey