Едноставен киш со кромид

0
408

Киш е одлична солена пита која потекнува од Франција а можете да ја правите во најразлични варијанти. Може да послужи за појадок, ручек и вечера, ладна или топла. Најпознат киш е оној со фил од сланина и кашкавал со јајца и павлака.

Филовите се разновидни, а основни намирници се јајцата, павлаката или млекото и кашкавалот.

Тестото направете го според овој рецепт, а за филот ви требаат:

750 г црвен кромид
100 путер
2 јајца
70 г кашкавал (гауда)

Приготвување:

Исечете го кромидот на тенки тркалца и пропржете ги на путер.
Тргнете го од ринглата, а кога малку ќе се олади додадете ги разматените јајца и ренданиот кашкавал и ставете го филот врз тестото.
Печете во загреана рерна на 180 степени 35 – 40 минути.