Едноставна чоколадна торта од 4 состојки

Чоколадото секогаш го поправа расположението, а чоколадната торта ќе ви го разубави денот.

0
1148

Рецептот за оваа торта е многу едноставен, а доволни се само 10-15 минути за да го подготвите.
Можете да ја послужите веднаш по печењето, но ако ја оставите да отстои 12 часа, вкусот ќе биде уште подобар.

Состојки:

200 г чоколадо за готвење
80 г путер
4 јаја
Прстофат сол
50 г шеќер
Кора од портокал (по желба)

Приготвување:

1.Загрејте ја рерната на 180 степени.
2. Путерот и чоколадото загрејте ги на пареа од 2 до 4 минути, повремено мешајте додека не се стопат. Садот со вода не смее да биде тежок и не смее да го допира садот со чоколадото за да не се свари. Тепсијата за печење намачкајте ја со путер и оставете ја настрана.
3. Кога ќе се стопи чоколадото додадете шеќер. Потоа помешајте една по една жолчка и кора од портокал по желба.
4. Изматете ги белките со прстофат сол.
5. Додадете ги полека белките во чоколадото, почнете со една третина од белките и полека додадате ги останатите.
6. Ставете ја смесата во тепсијата и печете 25 до 30 минути.
7. Можете да го послужите после 10-15 минути, по жела со шлаг или со сладолед.