Ефтин зачин, одличен за слабеење, но и за сите видови болки, особено за грлоболка

Ако некаде сте слушнале дека ловоровиот лист е отровен, тоа е делумно вистина, но само за кучињата и мачките и тие никако не би смееле да го јадат, а и на трудниците им се препорачува да го избегнуваат во исхраната. Сите останати би требало да го користиме што повеќе затоа што делува антиоксидативно, противвоспалително и антивирусно, а одличен е и како борец против кашлицата.

0
2173

Главите на римските императори биле украсувани со ловорови лисја, а нашите баби го користеле како зачин во секоја манџа.

Но, освен што се користел како украс за главите на славните војководци и како зачин, ловоровите лисја се употребувале и како лек за многу болести. Па така на пример, како лек против кашлица, против разни видови болки, главоболки и проблеми со косата и кожата.

Од нив може да се направи чај или лековито масло, а најмногу се користи за зачинување на јадењата, и тоа, не само на варивата, туку и на јадењата ид зеленчук и месо, а некаде ќе го најдеме дури и во десертите. Колку е лековит зборува и фактот што содржи разни корисни состојки, како што се витамините А, Ц и Б, натриум, калиум и железо, а содржи и етерични масла.

Ако некаде сте слушнале дека ловоровиот лист е отровен, тоа е делумно вистина, но делумно и не е. Имено, ловорот е отровен само за кучињата и мачките и тие никако не би смееле да го јадат, а и на трудниците им се препорачува да го избегнуваат во исхраната.

Во поголеми дози состојките најдени во плодот на ловорот се отровни па не се препорачува нивна самостојна употреба, но нема да ви биде ништо ако ставите некое ливче ловор повеќе во јадењето. Напротив, би требало да го користите повеќе во исхраната затоа што делува антиоксидативно, противвоспалително и антивирусно, што ни е особено важно во зима, а одличен е и како борец против кашлицата.

Кога се користи за грлото, обично се приготвува во облик на чај или сируп за искашлување па заради своите лековити својства е одлична алтернатива за пастилите против кашлица, а особено против сувата кашлица. Сируп од ловорови лисја ќе најдете во секоја аптека, а ако правите чај од ловорови лисја, не морате многу да експериментирате.

Едноставно земете четири суви ловорови лисја и 250 мл вода, загрејте ја водата до вриење и потоа додадете ги листовите.

Покрај ова, ловорот го јакне и имунитетот, а ги намалува лошите влијанија на стресот и одличен е за здравјето на дишниот систем, како и за зглобовите и мускулите. За последново се советува да се направи купка во када полна со чај од ловор или пак само за нозете во некој сад наполнет со чај од ловор.

Инаку, ако запалите ловоров лист тој ќе испушти во воздухот линалол, ароматично соединение кое делува релаксирачки и смирувачки. Во чадот се наоѓаат и други вредни состојки кои делуват на намалување на стресот и главоболките.

И на крајот, треба да се напомене и тоа дека некои истражувања велат дека ловорот е одличен за слабеење затоа што го снижува нивото на шеќер во крвта пред јадењето и ја намалува концентрацијата на лошиот холестерол во крвта, како и нивото на масти, а комбинацијата од ловор и цимет во последно време е популарна за симнување на килограмите.

Можете да направите чај од ловор и да го зачините со пола лажичка цимет. Пијте една шолја од тој чај дневно, пред или после оброк. Оваа комбинација е одлична и за сузбивање на инфекциите на мокрачниот меур, а најдобро од сѐ е што е толку ефтин, што е вистинска штета да не се искористи.

Фото: Pixabey