Епидемија на салмонела поврзана со претходно исечени дињи

Повеќестепената епидемија на салмонела, е поврзана со пресечените парчиња диња, објавиле американските центри за контрола и превенција на болести

0
272

Омилените летни плодови, дињите, се наведени како причина за појавата на салмонела во 8 американски држави. Сѐ уште нема информации како биле контаминирани. Инаку, парчињата се продавале во чисти, пластични кутии.

Повеќестепената епидемија на салмонела поврзана со пресечените плодови, ја нарушила здравствената состојба на најмалку 60 лица, објавиле американските центри за контрола и превенција на болести.

Од заболените, шест лица се во Илиноис, 11 во Индијана, 32 во Мичиген, 10 во Мисури и едно во Охајо.

Дињите исто така биле продавани и во Џорџија, Кентаки и Северна Каролина.

Триесет и едно лице се хоспитализирани во оваа епидемија, но не се пријавени смртни случаи.

Дијареа, треска и абдоминални грчеви се симптомите на инфекцијата со салмонела, а знаците на болеста обично се појавуваат во рок од 12 до 72 часа по консумацијата и траат четири до седум дена.

Администрацијата за храна и лекови на САД, која ја испитува епидемијата ги советува граѓаните кои купиле од сеченото овошје да го фрлат, и ги наведуваат продавниците во кои се снабдиле со вакво овошје заболените од салмонела. Тие ги советуваат и оние кои не се сеќаваат од која продавница го купиле овошјето, исто така да го фрлат.

Нивниот совет не се однесува на цели дињи туку само на исечените дињи, како и на готовите овошни салати во кои има и парчиња диња.

Се проценува дека салмонелата предизвикува околу 1.2 милиони болести, 23.000 хоспитализации и 450 смртни случаи во САД секоја година.

Повеќето луѓе се опоравуваат од инфекцијата со салмонела без третман. Меѓутоа, за некои, дијареата може да биде толку тешка што хоспитализацијата е неопходна. Во ретки случаи, инфекцијата може да доведе до смрт, освен ако пациентот не добие брза терапија со антибиотици.