Есенско рижото со тиква и буковки

0
396

Состојки:

1 главица кромид
2 чешниња лук
250 г тиква исечкана на коцки
200 г ситно исечкани буковки, а можете да додадете и малку шампињони
1 шолја ориз
Коцка за супа
Малку сланина (по желба)
3 лажици павлака за готвење
Сол, црн пипер, мускатно оревче, магдонос
Пармезан

Приготвување:

На маслиново масло пропржете го кромидот. Потоа додадете ги буковките и се заедно динстајте. Додадете ги и коцките тиква и зачинете со сол и црн пипер.

Додадете го и згмеченото лукче и оризот и уште малку се измешајте и залејте со вода во која претходно сте ја растопиле коцката за супа. Варете на средна температура. Пред крајот додадете 2-3 лажици павлака.

Во меѓувреме во друго тавче пропржете по желба исечкана сланина и додадете ја во рижотото.

Зачинете по желба, со свеж магдонос и мускатно оревче. Поросете со малку пармезан.