Еве го ролатот од тиквички!

Како што рековме, така и направивме...Ви текнува на видеото од пред некој ден за три интересни начини на кои можат да се подготват тиквичките?

0
278

Има многу варијанти на кои можат да се приготват нашите омилени тиквички, ама најмногу ни се допадна ролатот и токму него и го направивме. Навистина се прави лесно, а изгледа убаво, особено ако чекате гости.

Состојки:

2 тиквички

40 г пармезан

5 јајца

Зачини по желба

Крем сирење

Мартадела или шунка

Приготвување:

  1. Изматете ги јајцата и додадете им го пармезанот и зачини по желба. Изрендајте ги тиквичките па додадете ги кај јајцата и ставете ја смесата да се пече во тепсија врз хартија за печење и во загреана рерна околу 20-30 минути, во зависност од рерната.
  2. Кога ќе се испече, извадете ја тепсијата и извадете го тестото заедно со хартијата. Премачкајте го со крем сирење, наредете неколку тенко сечени парчиња мартадела или шунка и завиткајте го во ролат.
  3. Ставете го во фрижидер на неколку часа, а потоа исечете го на парчиња и сервирајте.