Еве како изгледа кога готви шеф со Мишелин

После толку мажи ред беше во Скопје да дојде и жена-шеф, и тоа не било која туку Катерина Чераудо, една од најдобрите, најсовремените и најинвентивните готвачи на Јужна Италија, чиј семеен ресторан е закитен и со Мишелин ѕвезда

0
564

Деновите на италијанската кујна кои се одржуваат од 24 до 30 ноември во Дистрикт бар и ресторан почнаа со дегустација за новинарите, блогерите, инстаграмџиите, љубители на добриот залак. Тие беа првите што ги дегустираа величенствените Мишелински порции на Катерина Чераудо, денес еден од најсовремените и најинвентивните готвачи на Јужна Италија, инаку, главен готвач во семејниот ресторан „Датило“ кој е лоциран во регион со несекојдневна убавина и исклучителен потенцијал, во срцето на семејната фарма. Семејството Чераудо произведува и квалитетно вино и ладно цедено маслиново масло, а многу од производите кои се служат во ресторанот доаѓаат директно од нивните полиња. Ресторанот е отворен во 2003 година како амбициозен проект на нејзиниот татко Роберто Чераудо, а од 2013 станува личен проект на Катерина Чераудо. Нејзиниот брат продолжува да работи на лозјето, нејзината сестра се грижи за промоција на бизнисот, додека таа до ден денес е целосно посветена на ресторанот, кој уште од 2012 година е закитен и со Мишелинска ѕвезда.

Еве како изгледаше менито на шеф Катерина низ фотографии:

Говедски образи со домати и пире од леблебии
Говедски образи со домати и пире од леблебии
Говедски јазик со зелен сос
Бакалар со пена од компири, ловоров лист и чили пиперче
Њоки со рикота, спанаќ и пиперки на скара
Пандишпан од ореви со чоколаден сос и мармалад од смокви