Eве зошто путерот од кикирики треба да се најде на вашата листа на омилени намирници

Која е вашата омилена здрава намирница? Можеби путер од кикирики?

0
484

Путерот од кикирики е преполн со нутриенти кои го чуваат здравјето, па така во него се наоѓаат витамин Е, магнезиум, железо и витамин Б6, а истражувањата покажуваат дека оние кои редовно консумираат јаткасти плодови и путер од кикирики имаат многу помали шанси да заболат од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Исто така, кикириките содржт влакна кои се исклучително корисни за непречено функционирање на цревата и системот за варење. Доколку сакате да го намалите сопствениот ризик од рак на дебелото црево, како и создавањето камења во жолчка, предлагаме да ги воведете овие познати мешунки во редовната исхрана.

Калциумот и витаминот Д скриени во кикириките придонесуваат за здрвајето на коските и забите. На тој начин долгорочно се спречува ризикот ид остеопороза во текот на подоцнежните години од животот.

Но ако путерот од кикирики не ви е вкусен, размислете малку за сите негови придобивки за вашето здравје.

Го намалува апетитот и го поттикнува слабеењето.

Оние кои јадат кикирики и путер од кикирики можат да се пофалат со витка линија, иако не станува збор за диететска намирница. Станува збор за комбинација од протеини и влакна кои че го намалат чувството на глад. Според резултатите од студијата објавена во British Journal of Nutrition оние кои наутро јадат путер од кикирики забележале дека не се гладни и до 12 часа по појадокот.

Ја јакне меморијата

Кикириките се храна за мозокот. Истражувањата докажале дека витаминот Б3 кој се наоѓа во кикириките има многу позитивни карактеристики кои се добри за здравјето, а тоа вклучува и подобрување на работата на мозокот и јакнење на меморијата.

Го штити срцето

Кикириките се богати со незаситени масти кои влијаат на намалување на нивото на лошиот холестерол.

Се смета дека жените кои јадат најмалку пет супени лажици од оваа намирница неделно, имаат 44 отсто помали шанси да добијат срцеви заболувања.

За убава коса и кожа

Кикириките содржат биотин, витамин Б кој ја штити вашата коса и ја прави густа и убава. Да го споменеме и витаминот Е кој ја храни кожата и ја брани од штетните УВ зраци.