Феноменални совети на најпознатите тв шефови

Порталот BuzzFeed неодамна објавил попис од 17 генијални кулинарски совети на најпознатите телевизиски шефови кои ќе ви помогнат при подготвувањето на секојдневните јадења.

0
321

Неодамна, порталот BuzzFeed објавил попис од 17 генијални кулинарски совети на најпознатите телевизиски шефови кои ќе ви помогнат при подготвувањето на секојдневните јадења.

Американската авторка на бројни книги за готвење Ина Гартен во една пригода на своите гледачи им дала златен совер во врска со прежењето сланина. Имено, оваа вљубеничка во гастрономијата препорачува печење на сланината во рерна за да биде покрцкава. Температурата на рерната треба да биде околу 200 степени, а сланината треба да се пече околу 515 до 20 минути, а потоа да се извади.


Во својата нова книга за готвење Appetites, Антони Бордеин на сите вљубеници во фината домашна храна им советува да подготват што повеќе концентрат за супа а потоа да го замрзнат и да го користат по потреба. Како совршена доза Бордеин препорачува калап за мафини во кои можете да ги замрзнувате дозите и потоа да ги префрлите во кесички и да ги чувате во замрзнувачот до приготвувањето на ново рижото или некое друго јадење.

Марта Стјуарт пак советува премачкување на садовите за мерење или на лажиците со кои ги одмерувате количините за нешто со путер или со масло пред да ги префрлите со нив течните, лепливи состојки како што е на пример медот. На тој начин лепливите состојки сами ќе се лизнат од лажицата, а вие нема да мора да ги валкате прстите.

Иако расправиите околу варењето на тестенините со и без масло се водат веќе долга низа години, контроверзниот шеф Гордон Ремзи советува варење на шпагети или други видови на тестенини во солена врела вода со неколку капки маслиново масло кое ќе го спречи лепењето.

Boil water with some olive oil along with your salt to keep pasta from sticking.

Мајсторот за скара Боби Флеј советува месото или рибата кои ги приготвувате на скара да ги тргнете од оган неколку секунди пред да бидат готови. Процесот ќе се заврши додека месото одмара а вие ќе добиете совршено парче. Исто така, тој предупредува дека никако не би требало да користите вилушка за превртување на месото на скарата. Најдобар избор е алатката која наликува на штипка која ќе ви помогне сиот сок да остане во месото и на тој начин ќе го направи посочно, и секако, повкусно.

Take your meat and fish off the grill a few seconds before it's perfectly done because it cooks an extra 5–10 degrees when resting.

Џада де Лаурентис пак дава одличен совет за брзо готвење кога немате време да ги мерите сите состојки. Имено, можат да ви послужат и рацете. Така на пример, затворена дланка ќе биде количината на грашак која ја собира во една шолјичка, палецот ќе претставува лажица путер, а перничето на горниот дел од прстот – лажичка мед.

Use your hand to estimate ingredient measurements.
За супер крцкаво пилешко, Маркус Самуелсон советува двојно пржење. Пржете ја еднаш. Кратко одморете, а потоа уфрлете ја во врелиот зејтин уште еднаш. Крцкавоста е загарантирана!

Останатите совети побарајте ги на BuzzFeedu.