Филувана пита со јаболки, ѓумбир и каранфилче

0
293

Состојки:

½ пакување готови кори

4-5 јаболки

2 јајца

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

200 мл јогурт

1 филџан зејтин

1 филџан гриз

1 филџан кафеав шеќер

Цимет, каранфилче, ѓумбир

Приготвување:

  1. Јаболките се лупат и се рендаат.
  2. Од корите се издвојуваат три кори , две за дното од тепсијата и една за покривање
  3. Се подготвува филот такашто се матат со миксер јајцата, шеќерот, гризот, зејтинот, јогуртот, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер и зачините.
  4. Во подмачкана тепсија се ставаат две кори како подлога а останатите се кинат и се ставаат во филот. Полека се промешува и се додаваат ренданите јаболка, повторно се промешува и се става врз корите. Се покрива се со последната цела кора која малку се гужва, се сече (или се боцка на повеќе места со вилушка) и се става да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Се пече околу 25 минути.