Фокача со рузмарин и јаболко

0
695

Состојки:

1 сув квасец
3 шолји брашно
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
2 лажици маслиново масло

Прелив
2 лажици маслиново масло
1 кромид, ситно сечкан
1 лажица рузмарин, сечкан
2 мали јаболка
2 лажици шеќер

Приготвување: 
1. Ставете го квасецот во ¼ шолја топла вода, 10 минути. Додадете ¾ од брашното, шеќер и ½ шолја топла вода, покријте и нека стои 30-45 минути.

2. Измешајте 2 ¼ од брашното со солта, сипете масло и ½ шолја топла вода и измесете. Оставете го тестото да отстои 45-60 минути. Притиснете го тестото во тавата и намачкајте го со масло. Повторно нека отстои уште 30 минути.

3. За преливот:Испржете го кромидот, па додадете 1 ½ лажичка рузмарин, сол и пипер.
Тоа тргнете го на страна. Потоа во истиот сад испржете ги јаболките на 1 лажица масло, 6-8 минути. Додадете ги кромидот и шеќерот. Ставете ги врз тестото и печете 20 минути на 200 степени.