Фотографски натпревар: Вики ја сака храната

0
726

За првпат, Википедија на македонски јазик организира фотографски натпревар наречен: „Вики ја сака храната“, посветен на храната, традиционалните јадења и специјалитети во Македонија.

Право на учество имаат сите кои ќе регистрираат (бесплатна) корисничка сметка на Википедија на македонски јазик или Заедничката Ризница (Wikimedia Commons). Сите фотографии мора да бидат прикачени во рамките на периодот на одржувањето на натпреварот: помеѓу 1 ноември 2017 во 0:00:00 часот и 30 ноември 2017 г. во 23:59:59 часот.

Најуспешните фотографии според оценката на стручното жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:
1) Прва награда – денарска противвредност во бруто износ од 400 евра
2) Втора награда – денарска противвредност во бруто износ од 300 евра
3) Трета награда – денарска противвредност во бруто износ од 200 евра
Наградена ќе биде и четвртата најдобро пласирана слика, во денарска противвредност од бруто износ од 100 евра.

Повеќе детали за правилата на учество, видео-упатство за прикачување слики, пријавување, список на традиционални македонски јадења кои може да ги сликате и информации за останатите активности во рамки на натпреварот погледнете на:
https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Вики_ја_сака_храната_2017/Македонија