Фритата со брокула и домати

Еве што можете да си направите денеска за ручек...Брзо, вкусно и здраво

0
534

Еве уште една варијација на тема фритата. Брзо и едноставно, готово додека да трепнеш, богато со протеини и влакна, а згора на се, и вкусно.

Состојки:

2 компири

500 г брокула

1 црвен кромид

6 јајца

1 дцл млеко

2 домати

6 лажици рендана гауда

50 мл маслиново масло

оригано, мајчина душица

Приготвување:

Излупете ги компирите и варете ги 10 минути, додадете ја брокулата и варете уште 5 минути. Исцедете ги.

Загрејте масло и пропржете го кромидот, а потоа додадете ги компирите и брокулата, зачинете, додадете ги изматените јајца и млекото и префрлете ја смесата во тава кадешто ќе ја пропржите околу 5 минути. Потоа наросете со рендан кашкавал и наредете ги доматите исечени на тркалца и печете 5-10 минути на 180 степени.