Фритата со тиквички

0
850

Фритата е одличен начин да се искористат остатоците од зеленчук. Ова јадење е одлично за неделен ручек, во комбинација со ладен шампањ.

Состојки:
6-8 мали тиквички
3 лажици маслиново масло
2 лажици путер
8 јајца
1 лажичка сол
1/2 лажичка свежо мелен црн пипер
1/2 шолја рендан пармезан

Приготвување:
1. Измијте ги, но не ги лупете тиквичките. Пресечете ги на кругчиња и пржете ги на тивко во масло и путер додека омекнат.

2. Изматете ги јајцата заедно со сол и црн пипер и прелијте ги тиквичките со нив. Пржете додека јајцата да се зготват убаво. Посипете сирење одозгора и пржете уште малку. Потоа, оставете ја фритатата да се излади неколку минутки, пресечете ја на парчиња и послужете.