Галета од хељдино и интегрално брашно со јаболки

0
202

Состојки:

100 г брашно од хељда

150 г интегрално брашно

125 г путер

50 г кафеав шеќер

2 јајца

Прстофат сол

4 јаболки

2 лажици мед

1 лажичка цимет

1 лажичка екстракт од ванила

Приготвување:

Од 1 јаје, брашното, шеќерот, солта и путерот, замесете тесто и оставете го околу 30 минути во фрижидер.

Во меѓувреме, подгответе ги јаболките, изупете ги и исечете ги на кришки па помешајте ги со циет, ванила и мед.

Расукајте го тестото на дебелина од околу 2ммм во форма на круг. Ставете го во тепсија обложена со хартија за печење и наредете ги јаболката одозгора но оставете околу 2 цм простор по рабовите.

Работ премачкајте го со изматено јајце па преклопете го преку јаболката и одново премачкајте го и однадвор.

Печете околу 30 минути на 200°C.