Германија забрани месо на приемите за владините функционери

Министерката за заштита на животната средина во Германија Барбара Хендрикс предизвикала вистинска бура со својата забрана за конзумирање на месо на приемите за државните службеници, министрите и нивните помошници.

0
252

Одамна помина времето кога можевме да ги одрекуваме штетните ефекти што одгледувањето на добитокот го има врз нашата планета. Во изминатите 40 години, нашата љубовна врска со месото и млечните производи предизвикаа хаос на планетата. Изгубивме 58 отсто од сите диви животни од лицето на земјата, додека безброј други видови се најдоа на работ на истребување. Во моментов има повеќе јаглерод диоксид во атмосферата отколку што беше случај во изминатите 800.000 години, бројка која е примарно предизвикана од одгледувањето на добитокот, кое е причина за 14,5 проценти (или повеќе, според некои извори) на сите стакленички гасови – повеќе од целиот сектор за транспорт заедно. Нашиот воздух и патиштата, исто така, се ишарани со загадувањето од вториот круг, од фабриките којшто се ослободуваат од отпадоците од фармите и не изложуваат на штетни антибиотици и други отрови.

Згора на тоа, постојат безброј други проблеми предизвикани од страна на добитокот. Тоа може да биде доволно за да се замислите. За среќа, промената е лесна – и таа почнува од нашите чинии. Еден германски политичар го сфатил тоа и одлучил да создаде промена на подобро. Барбара Хендрикс, актуелниот министер за животна средина и член на Социјалдемократската партија на Германија, го забранила месото на сите официјални владини функции. Според Дејли Телеграф, забраната е испратена по имејл од Хендрикс до сите во германската влада и во него се наведува: „Ние сакаме да бидеме добар пример за заштита на климата, бидејќи вегетаријанската храна е попријателска за климата од месото и рибата“.

Се разбира, ова не било добро примено од други германски официјални претставници. Германскиот министер за храна Кристијан Шмит во врска со ова прашање, вели: „Јас нема да го протнам овој Веге Ден на задна врата. Верувам во разновидност и слобода на избор, не во налог од државата и идеологија“.

На министерката за заштита на животната средина тој отворено и порачал дека не постои никаква шанса вегетаријанството да стане задолжително во институциите на власта.

Ова е истиот оној министер кој повика на забрана на термините како „вегетаријанска шницла“, „вегетаријански колбас“ и „вегетаријански ќофтиња“ со образложение дека овие термини се целосно лажни и ги доведуваат во заблуда потрошувачите. Тој вели дека не сака „псевдо јадењата од месо“ да се третираат како месо. Исто така, познат е и по апелот во училишните менија повторно да се воведе свинското месо.

Во секој случај, потегот на Хендрикс иако се однесува само на официјалните функции, сепак е голем исчекор кон заштита на средината.