Голема кражба на пармезан и на вино

0
263

Италијанската полиција уапсила десет лица во Модена кои се осомничени за кражба на исклучителни вина и пити Parmiggiano Reggianо. Иако можеби на прв поглед ова звучи како банална кражба се проценува дека вредноста на украденото вино изнесува речиси 100 000 евра, додека вредноста на 168 пити од познатиот пармезан изнесува 80 000 евра.
Полицијата се одлучила на инаку необичен чекор во истрагата и на Јутјуб пуштила видео исечок на кој е прикажана бандата во текот на кражба на пити кашкавал за кои се верува дека се Parmeggianо Reggianо. Се уште трагаат по еден осомничен, а полицијата ги истражува синџирите на организиран криминал во околината на Модена.