„Голи“ њоки со рикота

0
380

Состојки:

750 г свеж спанаќ
125 г рикота (може и свежа урда)
1 јајце
1 жолчка
250 г пармезан
Мускатно оревче
Сол и црн пипер

Приготвување:

1. Варете го спанаќот околу 10 минути во посолена вода.
2. Кога ќе омекне, исцедете го добро и истиснете го вишокот на течност па исечкајте го ситно.
3. Измешајте ги спанаќот со рикотата, јајцата, мускатното оревче и пармезанот од кој ќе оставите две лажици за поросување на крајот.
4. Од смесата обликувајте топчиња со големина на орев.
5. Ставете ги во врела вода и варете додена не испливаат.
6. Послужете ги со бешамел, салца или со сос од пиперка и поросете ги со пармезан.