Гордон Ремзи открива која храна никогаш не би ја ставил во уста

0
631

Иако станува збор за шеф кој во текот на годините на снимање на шоуто Пеколна кујна испробал бројни невксусни порции, Гордан Ремзи во интервју за Rafinery29 признал која храна баш никогаш не би ја ставил во уста.

„Нема е…. шанси да јадам во авион. Работев за авиокомпании десет години и знам каде била таа храна, каде оди и колку е потребно за да стигне на авион“, изјавил Ремзи. Иако не го образложил своето згрозување, споменал како на аеродромите постојат бројни ресторани кои нудат многу повеќе од обична авионска храна која има вкус на картон. Прилично иронично, Ремси на лондонскиот Хитроу има и свој ресторан кој го нарекол – Plane Food.
Освен Ремзи, ни Антони Бурдеин не сака авионска храна. И овој познат шеф и гастрономски патеписец во една пригода ја нападнал безвкусната и во најмала рака, чудна храна која им се послужува на патниците во авионите. „Никој никогаш не се чувствувал подобро после авионската храна“, заклучил Бурдеин.