Готвачки натпревар во МКЦ

0
294

„Денешниот настан, замислен како натпревар во готвење е најава за претстојното, седмо издание на музичкиот фестивал „ЗДРАВО МЛАДИ“, во организација на Младинскиот културен центар и во рамките на истиот ќе можат да се купат билети за фестивалот по промотивна цена од 500 денари“, изјави Маргарита Арсова од организацијата на МКЦ пред почетокот на готвачкиот натпревар.

Во рамките на ова кулинарско-музичко шоу своите кулинарски вештини ќе ги покажат машката екипа составена од Мирко Попов (ПМГ Рекордингс) и диџеј Гоце (САФ) и женската екипа составена од писателката Румена Бужаровска и уметницата Јана Јакимовска.

Учесниците ќе зготват нешто од азиската кујна, рамстек и други гурманлаци по нивен избор, а дали состојките ќе бидат добро искористени или не, ќе одлучиме по дегустацијата.

Настанот почна на платото пред МКЦ во 13 часот и е замислен како супер дружење со одлична музика.

Публиката ќе дегустира и ќе гласа за најдобриот со аплауз.

Настанот го води актерот Оливер Митковски.