Гратинирана брокула со бадеми

За некого е само прилог, за некого главно јадење, но кога ќе ја подготвите на овој начин е сосема поинаква, сочна, кремава и вкусна.

0
409

Брокулата се подготвува едноставно, а додатокот од бадеми ќе ја направи уште попримамлива. Кремава е, нежна, мека и крцкава во исто време, а може да се јаде како прилог со месо, но и сама за себе, како главно јадење или во комбинација со сезонска салата.

Состојки:

1 главица брокула

2 лажици путер

1 помал кромид

2 лажици брашно

1 шолја млеко

1 шолја вода

100 г рендан кашкавал

Бадеми

Приготвување:

Во сад стопете го путерот, додадете ситно сечкан кромид, динстајте десетина минути, па додадете го брашното, варете 1 минута а потоа додадете млеко и вода кои претходно ќе ги затоплите или ќе бидат барем на собна температура.

Варете со постојано мешање додека не добиете густ сос, па додадете една рака рендан кашкавал.

Брокулата варете ја 5-6 минути во посолена и зовриена вода, исцедете ја и префрлете ја во огноотпорен сад.

Прелијте ја со сосот, поросете со уште рендан кашкавал и со ситно исечкани бадеми. Потпечете и послужете.