Грав со свински коленици

Ова не е обичен рецепт за грав со коленици туку е специфичен по сосот со кој се премачкуваат колениците направен од сок од круши и пекмез од кајсии. Вкусот е неверојатно добар, а месото сочно и меко.

0
441

Состојки:

2 свински коленици

За маринирање на месото:
Две чешниња лук
Морска сол, бибер
Рузмарин
Зејтин

За сосот за месо:
250 мл густ сок од круши
2 лажици пекмез од кајсии
2 лажици мед
2-3 лути пиперчиња
Неколку чешниња лук
Мало коренче од ѓумбир
Сол, бибер

За гравот:
600 г грав
1,5 кг кромид
1 лажичка црвен пипер
Малку шарен бибер
Чешне лук
Сол, бибер
Ловоров лист
Зејтин

Приготвување:
1. Гравот натопете го од вечер во тенџере полно со вода, а наутро ставете го да се вари. Кога ќе проврие, исфрлете ја водата, ставете нова и вратете го тенџерето на оган. Додадете неколку зрна бибер, лук и ловоров лист.
2. Кога гравот ќе почне да омекнува тргнете го од оган и оставете го покриен. За тоа време исечете го кромидот, прелијте го со зејтин, посолете и динстајте на тивок оган. Потоа додадете ги биберот и црвениот пипер и тргнете го од оган.
3. Колениците измијте ги убавом исушете ги и на неколку места боцнете исечкан лук и премачкајте ги со зејтин. Зачинете со сол, бибер и рузмарин.
4. Сите состојки за сосот ставете ги во лонец и варете ги околу 10 минути додека не почне да се згуснува. Зачинете со ѓумбир, сол и бибер.
5. Пропржете ги колениците од двете странби па ставете и во огноотпорен сад, поккријте го и ставете да се пече на температура од 150 степени околу 2 часа. После два часа извадете го месото и премачкајте го со приготвениот сос, а во садот за печење ставете ги гравот и кромидот и залијте ги со водата во која се вареше гравот. Ставете го и месото и печете околу половина час, а потоа свртете ги колениците од другата страна, премачкајте ги со сосот и печете уште половина час.
6. Кога ќе го извадите прелијте со месото со остатокот од сосот и послужете.