Хамбургери од грав

0
498

Ако сте вегетаријанец или само сакате да направите оброк без месо, испробајте го овој хит рецепт за хамбургер кој ќе ги задоволи и најпребирливите непца.

Состојки:

240 г варен црн грав

1 црвен кромид

75 г сечкани ореви

1 морков

2 белки

Малку сол

1 лажичка ким о прав

1 лажичка црвен пипер

100 г презли

4 пецива за хамбургер

Додатоци за хамбургерите:

Црвен кромид исечен на тркалца

Зелена салата

Домат

Кечап

Павлака

Сенф

Приготвување:

  1. Во поголем стаклен сад со вилушка згмечете го гравот и додадете му ги кромидот, оревите, ренданиот морков, белките, презлито и зачините.
  2. Од смесата обликувајте плескавици и наредете ги во подмачкана тепсија за печење. Печете ги 20-тина минути во загреана рерна на 200 степени.
  3. Расечете ги пецивата и премачкајте ги со смеса од павлака и јогурт. Додадете зелена салата, плескавицата, кромид и домат и послужете ги.