Храна и лекови кои никогаш не треба да се мешаат

0
1080

 

И додека медицината е создадена за да ви го зачува здравјето, понекогаш може да затаи или уште полошо, да ви наштети поради некои други ваши избори додека ги земате лековите.

Очигледно, несаканите ефекти се наведени во сите упатства во лековите и предупредувања шпто не треба да правите додека ги земате. Па дури и тогаш, понекогаш несаканите ефекти можат да бидат страшни, како на пример, лековите за астма кои можат да предизвикаат самоубиствени мисли кај деца од четири години.

Но дали знаевте дека секојдневната храна исто така може да има ефект врз вашите лекарства и врз вашето тело?

Излезе дека одреден вид на храна може да има неочекувани ефекти врз нашето тело кога е во интеракција со одредени лекови.

И не станува збор само за т.н.џанк-фуд. Тоа може да се случи и со храната која е нормално добра за вас!

Ако земате лекови за крвен притисок, избегнувајте банани

Овие лекови можат да ја зголемат количината на калиум во телото. Нормално, калиумот е добар за вас, но ако има премногу од него, тоа може да предизвика повеќе срцеви компликации, вклучувајќи неправилно чукање на срцето и срцеви палпитации.

Друга храна која е богата со калиум е лиснатиот зеленчук, портокалите, и замените за сол.

Ако земате лекови против холестерол, избегнувајте грејпфрут и сок од грејп

Сокот од грејпфрут може да предизвика да се зголеми нивото на овие лекови во крвотокот, што ве прави поподложни на нивните несакани ефекти, меѓу кои најзначајни се болките во нозете.

Грејпфрутот може да направи компликации и со други видови на лекови, па ако го сакате а земате лекарства, консултирајте се со вашиот лекар.

Ако земате лекови за срцева слабост, избегнувајте црн сладунец

Ова растегливо растение содржи хемикалија која може да предизвика неправилна работа на срцето, кога се комбинира со дигоксин, понекогаш со сериозни компликации. Исто така, ја спречува ефикасноста на некои лекови, вклучувајќи ги и лековите за крвен притисок, за разредување на крвта, лекови против болка и за контрола на раѓањето.

Ако земате антикоагуланси, избегнувајте сок од брусница

Некои студии покажале дека кај пациентите кои пијат сок од брусница, а земаат антикоагуланси може да дојде до драматично слабеење на крвта, што може да доведе до компликации.

Ако земате лекови за разредување на крвта, избегнувајте спанаќ

Спанаќот и други зеленолисни растенија кои содржат витамин К ако се мешаат со разредувачи на крвта и антикоагуланси, ги прават помалку ефикасни и се зголемува ризикот од згрутчување. Исто така треба да се избегнува кељ, брокула, и друг темно-зелен зеленчук.

Ако земате тетрациклин антибиотици, избегнувајте млечни производи

Содржината на калциум во овие производи може да го спречи вашето тело да ги апсорбира антибиотиците правилно и да им го намали ефектот. Затоа треба да се земаат час или два пред јадење.

Ако земате лекови против бактериски инфекции, избегнувате сувомеснати производи

Земањето лекови додека консумирате храна што содржи амино киселина тирамин може да предизвика опасни искокнувања во вредноста на крвниот притисок. Оваа амино киселина е најдена во сувомеснатите производи и процесирани сирења. Исто така, треба да избегнувате банани, авокадо, чоколадо и алкохол.

Ако земате лекови за тироидата, избегнувајте ореви

Оревите, заедно со друга храна богата со растителни влакна, како и соиното брашно, може да спречи вашето тело да ги апсорбира овие лекови правилно.

Всушност, повеќето лекари препорачуваат земање на лековите за тироидната жлезда пред спиење, такашто вашето тело има доволно време да ги апсорбира.

 

Како и секогаш, секое тело е различно и ќе реагира различно, па секогаш треба да зборувате со вашиот доктор за било какви ефекти од лековите што ги земате и тој може да ви помогне да го персонализирате вашиот внес на лекови, на начин што е од корист за вас.