Хумус од батат

Совршен прилог и макало за секоја забава.

0
303

Слаткиот компир (батат) има убава боја која со печењето станува уште позагасита и му дава на овој хумус интересен изглед. За разлика од „обичниот“ хумус во кој често се додава и лук, тука тоа не е потребно, но е возможно, доколку сепак сакате. Може да послужи и како мезе.

Состојки:

1 сладок компир

1 лажичка таан (паста од сусам)

Сол

Сок од лимон

Маслиново масло

По желба, чешне лук

Гранче свежа мајчина душица

Приготвување:

Испечете во рерна сладок компир со кора, кој претходно треба да се избоцка со вилушка на неколку места. КОга е целосно печен, треба да се преполови и со лажица да се издлаби внатрешноста и добро да се изгмечи со вилушка или да се измеша во блендер.

Се додаваат таан, сок од лимон, маслиново масло и сол. Се проверува вкусот и густината и може да се додаде евентуално, уште сок од лимон. Се украсува со гранче мајчина душица.