Хумус од цвекло – лек за црниот дроб

Цвеклото е намирница која е позната по своите лековити својства, а овој рецепт за хумус од цвекло ќе го препороди вашиот црн дроб.

0
2080

Иако овој намаз од цвекло можеби не ви звучи многу вкусно, кога ќе го пробате ќе се уверите во спротивното.

Ви препорачуваме да го пробате и поради лековитите својства на цвеклото кое е преполно со нутритивни својства, влакна, антиоксиданти и супстанции кои го поддржуваат здравјето на црниот дроб, а познато е и по тоа што го подобрува процесот на детоксикација.

Состојки:

2 цвекла со средна големина или 3 помали
1 конзерва наут
Сок од ½ лимон
5 чешниња лук
½ лажичка сол
¼ шолја маслиново масло
¼ шолја вода

Приготвување:

Варете ги цвеклата додека не омекнат, односно, околу 40 минути. Откако ќе се сварат, измијте ги под млаз ладна вода, излупете ги и исечете ги на поголеми делови.
Ставете ги заедно со останатите состојки во блендер и тоа е тоа.
Послужете со чипс од зеленчук, крекери од ориз или со свежо печено лепче.