И паштетата е здрава храна?!

При изборот на паштети обрнете внимание да нема адитиви, засилувачи на арома, конзерванси и боја.

0
697

Паштетите најчесто се прават од мешавина на црн дроб, маснотии и зачини и одлично функционира како меѓуоброк, вечера или кога непланирано ќе ви дојдат гости.

Можете да ја послужите со крекери или на тостиран леб со малку шери домати или со некој убав зачин по ваша желба.

Околу паштетите неретко се вртат митови дека се нездрави, дека се прават од лошо месо и слично. Но со додавање на паштетите во вашата исхрана ќе го зголемите внесот на микронутриенти, а тие имаат низа здравствени предности.

При изборот на паштета обрнете внимание да нема адитиви, засилувачи на арома, конзерванси и боја.

Железо и бакар

Бакарот (кој можете да го најдете во рибјата и паштетата од црн дроб)) делуа како антиоксиданс затоа што има заштитно влијание против слободните радикали, а воедно го поттикнува производството на колаген и еластин и така го одржува здраво сврзното ткиво и го обновува.

Исто така тој ја активира групата ензии кои се неопходни за добро здравје. Некои од тие ензими помагаат при одржување на здравјето на мозокот, додека други помагаат во создавањето на белковини кои се потребни при јакнење на ткивото

Железото во паштетите (извор на железо е црвеното месо, свинското, во месото од пердувестите животни, во рибата и црниот дроб) исто така содржи ензими кои се потребни за создавање на енергија. Ги активира хемоглобинот и миоглобинот кои му помагаат на ваето тело да го транспортира и складира кислородот.

Селен и рибофлавин

Рибофлавинот (витамин Б2 – кој го има во рибата и во црниот дроб) може да се најде во паштетите од црн дроб и има клучна улога во метаболичката функција, додека селенот ги активира протеините кои ја регулираат имунолошката функција, придонесуваат за разввој на сперматозоидите и ја поттикнуваат функцијата на штитната жлезда.

Рибјата паштета може да биде и извонредно предјадење во текот на празниците.

Витамини A и B12

Консумирањето на паштети е добро за вашето здравје затоа то со нив го зголемувате внесувањето на витамините A и B12. Витаминот A придонесува за здравјето на вашиот имунолошки систем и е неопходен за правилно функционирање на мрежницата и на видот. Важен е и за здравјето на кожата и косата и го спречува настанувањето на акни.
Витаминот A може да се внесе преку намирници богати со бета-каротен кој телото го претвара во витамин А, а добри извори на тој витамин се и сирењето, јајцата, мрсните риби, лекото и јогутот, а особено црниот дроб и производите од црн дроб, каков што е и паштетата.

Просечната дневна доза на витамин А за возрасни е 700 μg за жени и 900 μg за мажи.
Човечкиот организам секоја минута произведува милиони црвени крвни клетки, а тоа без витамин B12 не би било можно.

Витаминот B12, кој го има во рибата, црвеното месо, месото од пердувестите животни и црниот дроб, помага во снабдувањето на телото со енергија и е нужен за метаболизмот затоа што ги претвара јагленохидратите од храната во глукоза која телото може да ја употреби како енергија.

За целосно уживање, додадете во паштетата и зачини како мајчина душица, пикантна пиперка и црн пипер.