Идеална крем супа за ладните денови

0
269

Состојки:

1 кромид
3 чешниња лук
1 помал целер
3 ловорови листа
4 моркови
400 г грашак
150 г цвекло
400 мл вода
Рузмарин, мајчина душица, магдонос
Сол, бибер, маслиново масло

Приготвување:

1. На маслиново масло издинстајте го кромидот што сте го исечкале ситно, а потоа додадете го и другиот зеленчук.
2. Додадете лук и динстајте уште две минути. Додадете ловоров лист и останатите зачини кои претходно ќе ги врзете во букетче, грашокот и водата.
3. Варете додека морковите не омекнат. Извадете го букетчето од зачини и префрелете се во блендер, ако е потребно додадете вода и мешајте додека не добиете крем супа.