Џиновска проја

Можеби си велите, проја си е проја, ама не е така. Оваа проја е навистина посебна, а семките со кои е поросена ѝ даваат посебен вкус.

0
564

Состојки:

3 јајца

3 филџани бело брашно

3 филџани пченкарно брашно

3 филџани кисело млеко

1 прашок за пециво

1,5 филџан масло

сол

сирење по желба

сусам, семки од тиква и од сончоглед

Приготвување:

Изматете ги јајцата, па полека додавајте ги маслото и киселото млеко, а потоа и останатите состојки.

Оваа количина е за една доза, а доколку сте повеќемина, или пак сте многу многу гладни, само ставете двојно од сите состојки, најдете голема тава, подмачкајте ја и ставете ја смесата во тепсијата. Поросете одозгора семки од тиква и од сончоглед, сусам. Печете во загреана рерна и уживајте.