Интегрален колач со вишни

0
850

Состојки:

4 јајца

1 шолја бело брашно

2 шолји интегрално брашно

1 шолја овесни снегулки

200 г растопен путер

400 мл јогурт

½ шолја кафеав шеќер

1 ванилин шеќер

1 прашак за пециво

2 лажици какао

1 лажичка цимет

Малку мелено каранфилче

Малку ѓумбир во прав

1 пакување замрзнати вишни или некое друго овошје

100 г црно чоколадо

Приготвување:

  1. Измешајте ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер.
  2. Додавајте полека од јогуртот и од брашното и муслите. Ставете го растопениот путер, какаото и другите зачини и истурете ја смесата во подмачкан сад за печење.
  3. Распоредете ги претходно одмрзнатите вишни во тестото и ставете го колачот да се пече во загреана рерна околу 50 минути.
  4. Растопете го чоколадото со малку путер и млеко и прелијте го испечениот колач.