Исчистете ги артериите и олеснете ја работата на срцето со природен напиток

0
3646

Затнувањето на артериите во денешно време не е некоја новост, а може да биде предизвикано од згрутчување на крвта или како поседица од зголемено количество на лош холестерол.

И во двата случаи артериите мораат да се исчистат за да се подобри протокот на крвта и да се намали оптоварувањето на срцето. Покачениот крвен притисок и лошиот холестерол се нарекуваат тивки убијци, а често дијагнозата не е правилно поставена.

За лошиот холестерол има бројни причини, но најчести се:

пушењето, нездравата исхрана, стресот, недостатокот на физичка активност, дебелината, дијабетесот итн.

За приготвувањето на овој рецепт потребни ви се следните состојки:

250 мл сок од ѓумбир
250 г пире од лук
250 мл сок од лимон
250 мл јабпков оцет
2 чаши мед

Приготвување:

Сите состојки претходно добро исчистете ги и се заедно, освен медот, ставете ги во блендер. Потоа целата смеса ставете ја да се вари околу 30 минути на средна температура со постојано мешање. Откако е се олади додадете го медот. Чувајте ја смесата во стаклена тегла во фрижидер. Може да стои најмногу 2 месеци, а консумирајте секое утро на празен желудник по една лажица.