Исхрана за заболените од рак на дебело црево

Освен исхраната, во борбата против ракот можат да ви помогнат и природните лекови како што се чајот од жалфија, кимот, куркумата, зелениот чај

0
3383

Ракот на дебелото црево е една од најподмолните и најчестите болести кои подеднакво ги загрзоуваат и мажите и жените. До скоро се верувало дека во ризичната група за заболување од рак на дебело црево спаѓаат лица постари од 50 години, но денеска таа граница се поместила и се почесто ги напаѓа и помладите.

Некои од факторите кои можат да влијаат на појавата на оваа болест се полипите на дебелото црево, канцер на некој друг орган, семејна анамнеза, воспалителни болести на цревата, пореметување на имунолошкиот систем, нездрав начин на живот, како и дебелината.

Дијабетесот и ракот

Лицата кои боледуваат од дијабетес умаат дури 40 проценти поголеми шанси да заболат од рак на дебело црево, а откако еднаш колоректалниот рак ќе се излечи, шансите да се врати се околу 60 отсто.

Некогаш може да помине и многу долг временски период за да ги воочите првите симптоми на карцином на дебелото црево (и до година дена). Многу често симптомите и не му се припишуваат на ракот.

Во поодминати фази на болеста можат да се појават диареја, запек, крв во столицата, слабокрвност, како и силни болки во стомакот.

Овие симптоми можат да бидат проследени со губење на тежината, губење на апетитот, мачнина и слично. Можете да чувствувате замор, исцрпеност и нерасположение.

Доаѓа и до промена на „обликот“ на столицата, па еден од карактеристчните симптоми е столица со дебелина на молив.

Болеста е излечива во раните фази, па и кога ќе ги зафати околните лимфни жлезди. Во фазата на метастази се смета за неизлечива, но одредени медикаенти можат да го забават и да го блокираат развојот на клетките на ракот.

Една од причините за рак на дебело црево е исхраната.

Исхраната има голема улога во настанокот и развојот на тумор на дебелото црево. Мрсната и тешка храна, месни преработки, како и налинот на приготвување на храната можат битно да го загрозат вашето здравје и да доведат до колоректален карцином.

Скара, пржење, црвени и масни меса, месни преработки и чадени меса , сето тоа го зголемува ризикот да заболите, го поттикнуваат развојот на малигни клетки на дебелото црево.

Избегнувајте пржење во длабок зејтин, но и месо на скара и чадено месо.

Исхраната богата со омега 3 масти, кои ги има во рибата, го намалува ризикот од рак на дебело црево за 12 отсто. Риба, пилешко без кожа и месото од дивеч се добар избор.

Лошите животни навики како што е претерувањето во алкохол и цигари го зголемуваат ризикот од заболување.

Истражувањата покажуваат дека е најдобро мажите да се ограничат на 2 чаши алкохолен пијалок дневно, а жените на една.

Пијте помалку кафе и индустриски преработени сокови.

Препорачана исхрана

Исхраната на заболените од рак на дебело црево треба да биде богата со влакна.

Јадете повеќе овошје и зеленчук, како и житарки, минимално преработени.

Јадете намирници богати со антиоксиданти, витамини Ц, Е и Б, селен и калциум.

Житарките, мешунките, коренестите и кртолестите производи би требало да се јадат 800 грама дневно (6-7 порции). Најдобар избор се зелката, брокулите, кељ и прокељ.

Јаболкото е особено добар сојузник во борбата против карцином на дебелото црево. Се смета дека едно јаболко на ден може да го намали ризикот од појава на рак и да создаде штит од оваа болест. Исто така, препорачлива е и употребата на јаболков оцет.

Исфрлете ги белиот леб и белиот шеќер

Лицата заболени од рак на дебелото црево во исхраната треба да ги воведат пченичните мекињи (трици) и да пијат барем една чаша обрано млеко на ден.

Доар избор е и јогуртот со ацидофилни култури. Лененото семе и маслото од лен консумирајте ги секојдневно, затоа што се богати со омега 3 масни киселини и се добри антиоксиданси.

Намалете го консумирањето на сол и солени намирници, но водете смета и за непотребните конзерванси и адитиви. Поретко купувате готова храна, прегорената фрлете ја. Чувајте ја храата во фрижидер и избегнувајте ја онаа која е склона на расипување.

Регулирајте ја телесната тежина затоа што е таа еден од тригерите за рак на дебело црево. Од друга страна, јадете умерено, повеќе мали оброци и никако не се прејадувајте.

Физичката активност е исто така многу важна.

Повеќе од 50 студии покажале дека ризикот од заболување паѓа дури за четвртина кај лицата кои се редовно активни.

Природни лекови

Алое вера. Битно е да се придржувате до пропишаните дози на готовите лековити препарати со алое вера и со правилата на користење, затоа што во поголеми дози предизвикува грчеви во стомакот и диареја.

Жалфија. Познато е дека помага во варењето, но е и добар сојузник во борбата против оваа болест. Можете да ја пиете како чај. Една лажичка здробени суви листови од жалфија прелијте со шолја врела вода и оставете да стои 3-5 минути, исцедете и пијте додека е топол. Дозата енајмногу 2 шолји во текот на денот, а не би требало да се пие подолго време затоа што може да предизвика повраќање, конвулзии и вртоглавица

Глуварче. Може да се јаде свежо, како салата или како чај. Свежите листови се собираат во пролет, пред цветањето. Чајот се приготвува такашто лажиќка листови се прелеваат со шолја зовриена вода, и се остава да стои 15 минути. Се цеди и се пие три пати на ден.

Ким. Некои студии покажуваат дека и кимот има потизивно дејство врз лекувањето на рак на дебело црево.

Има позитивно влијание на стомакот, гасовите, па често им се дава на малите бебиња кога имаат грчеви и запек. Лажичка ким се прелива со шолја зовриена вода, се остава да стои 10 минути, па се пие. Кимот е одличен и како зачин кој можете да го воведете во својата кујна.

Зелен чај. Препорачлив е за сите видови на карцином, но и за рак на дебело црево. Тоа е поради неговите антиоксидативни својства.

Истражувањата на глувци покажуваат дека дури кај 80 отсто глувци туморот се намалил после секојдневно консумирање на зелен чај. За луѓето препорачлива дневна доза е до 6 шолји дневно.

Куркума. Куркумата е одличен антиоксиданс, но и го спречува дотокот на крв до клетките на ракот. Консумирајте по една лажичка, такашто ќе ја додадете на јадењето при крајот на готвењето. Чајот од куркума најчесто се користи во Јапонија, а приготвува такашто една лажица мелена куркума се раствара во шолја врела вода.

Фото: Magda Ehlers from Pexels