Италијанците ја претставија пицата која штити од рак!

0
509

За што станува збор? Неодамна ја претставиле пицата „Паскалина“ чие име би можело да се протолкува како „пица која го продолжува животот„ или „антитумор пица“.

Поентата на овој рецепт е што оваа омилена брза храна повеќе не содржи мрсни сирења и месо, кои се првите асоцијации за срцеви заболувања.

Она што ја прави паскалина посебна се доматите, маслинките, рапините (вид на брокули), екстрадевствено маслиново масло, лук и лути пиперчиња. Ќе се согласите дека е ова една сиклучително здрава пица, зарем не?

Токму благодарение на квалитетните состојки, намален е ризикот од кардиоваскуларни болести и некои видови на рак на дигестивниот тракт, кадешто како најзначаен се споменува ракот на дебелото црево.

Научниците веќе подолго време ја фалат таканаречената „медитеранска исхрана“. Истражувањата покажале дека ваков вид на здрава пица помага во борбата со дебелината, ракот и срцевите и мозочните проблеми.

Изгледа дека тајната лежи во ликопенот, антиоксиданс кој се наоѓа во кожата на доматот и му дава црвена боја. Се смета дека доматот го инхибира растот на туморите, а можеби дури и ги намалува.