Италијанска Торта дела нона

0
859

Оваа традиционална италијанска торта има неколку клучни состојки:

Крцкаво тесто, крем со кора од лимон и пињоли кои заедно даваат фантастичен десерт.

Состојки:

За тестото:

450 г брашно

200 г ладен путер

2 јајца

150 г шеќер

1 лимон (кора)

За кремот:

750 г млеко

200 г шеќер
1 лимон (кора

3 јајца

1 жолчка

35 г пченкарен скроб
30 г брашно

За поросување:

30 г пињоли

Шеќер во прав

Приготвување:

Мешајте ги брашното и ладниот путер се додека не добиете тесто со трошки. Префрлете го на работната маса и напраете дупче во средината, ставете шеќер па додадете јајца у рендана кора од лимон. Кратко месете за да добиете компактно тесто. Поделете го на два еднакви дела и малку сплескајте ги. Завиткајте ги во пластична фолија и ставете ги во фрижидер да се ладат околу 30 минути.

За кремот, скршете во сад 3 јајца и жолчка, додадете брашно и пченкарен скроб, па добро измешајте. Во поширок сад ставете млеко, кора од лимон и шеќер. Варете на средна температура, а кога ќе почне да врие, тргнете го од оган. Извадете ја кората од лимон од млекото. Ставете дел од млекото во јајцата, добро измешајте, вратете на оган и загреајте на ниска температура. Продолжете со мешање на кремот, се додека кремот не стане густ. Ќе потрае околу 10-15 минути. Преместете го кремот во сад и покријте го со пластична фолија. Нека се лади на собна температура.

Тестото расукајте го помеѓу два листа пластична фолија. Кругот од долното тесто мора да виде 3-4 цм поголем од калапот. Преместете го тестото во калап (26 цм), дното и рабовите цврсто пририснете ги со прстите. Избокајте го тестото со вилушка и ставете го кремот кој во меѓувреме се оладил.

Со помош на оклагија пренесете го горниот дел од тестото врз кремот и отстранете го вишокот тесто од рабовите. Распоредете ги пињолите. Тортата печете ја во загреана рерна на 160°C околу 50 минути на долната полица, а потоа преместете ја на средната и печете уште 10 минути на 180°C.

Ако забележите дека е поврината премниоу темна, покријте ја со алуминиумска фолија. Оставете ја тортата да се олади па поросете ја со шеќер во прав.