Јадете како Французи, послужувајте како Јапонци, зачинувајте како Индијци…

Французите јадат полека, Јапонците служат во мали порции, Норвежаните ги ферментираат намирниците, Индијците ставаат здрави зачини, ...

0
908

Разни земји и народи во светот имаат различни прехранбени навики, па добро е да се потрудиме да прифатиме барем некои од поздравите, како на пример, да јадеме бавно како Французите, или да јадеме мали порции како Јапонците, да избегнуваме црвено месо, но да пиеме по 1-2 чаши црвено вино…

Французите јадат полека

Ако јадете полека како што го прават тоа Французите, можете да уживате во секој залак и побрзо да почувствувате ситост што резултира со помал внес на калории. Дозволете си повеќе време и уживајте во вкусните оброци со пријателите или со семејството.

Јапонците јадат помали порции

Помала количина храна обично значи и помалку калории. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат поголеми порции имаат поголема веројатност за дебелеење и за полошо здравје. Јапонците прво јадат супа, која исто така се служи во помали чинии, а сепак во доволна количина за да ве засити барем делумно. Традиционалната јапонска исхрана не вклучува многу црвено месо, а истражувањата покажуваат дека е тоа добро за здравјето.

Во Индија користат многу зачини

Индиската храна е збогатена со тревки и зачини како што се куркумата, кари, ѓумбир и кардамом. Тие состојки се полни со антиоксиданти и други елементи кои се добри за здравјето. Индијците користат и лути зачини кои можат да ни помогнат помалку да изедеме.

Грција е специфична по медитеранската исхрана

Постојат многу култури и прехранбени навики во дел од Медитеранот, но традиционалната грчка исхрана докажано го намалува ризикот од срцеви болести и рак. Нивната исхрана се базира на овошје и зеленчук, сирење, риба, маслиново масло и мали количини на вино.

Италијанците сакаат црно вино

Истражувањата покажуваат дека умерената консумација на вино може да го намали ризикот од настанување на срцеби болести. Но клучот е во умереноста: една чаша дневно за жени, две за мажи. Повеќе од ова може да влијар негативно врз здравјето.

Ферментирана храна во Норвешка

Ако некоја намирница ја складираме на подолг период во солена вода или со додавање на други зачини, таа намирница го менува хемискиот состав и вкусот. Тоа значи дека се случил процес на ферментација со кој се добиваат природни извори на пробиотици, а пробиотиците се добри бактерии кои влијаат врз се, од варењето на храната до расположение. Некои култури во дел од светот главно ги ферментираат зеленчукот, овошјето, млекото и месото.

Кореанците ги мешаат намирниците

Во корејски ресторан во еден оброк можете да добиете закиселен зеленчук, супа, ферментирана зелка, месо, јајца, риба и свинско. Миксот од различни намирници може да биде интересен и ќе ви помогне наеднаш да внесете повеќе хранливи материи. За да не се прејадете, во Кореја исто така, послужуваат помали порции.

Швеѓаните го кршат лебот

Тоа е добар начин да бидете внимателни при внесувањето на јагленохидратите. Швеѓаните често јадат леб од целивито ржано зрно што е исклучително здраво и го поттикнува варењето.