Јота со кисела зелка

0
320

Состојки:

120 г ореви
300 г кисела зелка
200 г компири
500 г чадени ребра
100 г сланина
30 г лук
2 ловорови листа
Сол, бибер

Приготвување:

1. Зелката и ребрата се варат одделно, а кога зелката наполу ќе омекне, продолжува да се вари заедно со ребрата, со ловоров лист, сол и бибер, сланина и сечкано лукче.
2. Кога се речиси сварени се додава компирот исечен на коцки и се вари заедно додека не омекнат и компирите.
3. По желба се додаваат и сечкани ореви.