Јутјуб кулинарска ѕвезда на 106 години (ВИДЕО)

0
316

Она што е најважно во оваа кулинарска приказна е тоа што оваа Јутјуб кулинарска ѕвезда има 106 години. Индијката Мастанама нема кујна, нормално, нема ниту индукциска плоча, ниту кујнски апарати, фенси прибори и сервиси и се што готви, готви на отворен оган, зеленчукот го лупи со прсти, го сече на остро сечиво забодено во земја, а сервира на листови од палма. Има прекрасни метални тави, дрвени садови за зачини и стар индиски нож.

На сите свои асистенти околу неа, внуци и правнуци, им дава да пробаат од зготвеното од нејзина рака директно во нивните усти.

Откако станала феномен во гастро светот, старата Мастанама почнала да готви и западна храна, како француски помфрит и американски бургери.

Такашто, Џејми Оливер и компанија, можат вода да и носат.