Каде сѐ се наоѓа хемикалијата која предизвикува рак?

Во многубројни намирници кои секојдневно ги консумираме, пронајдена е исклучително токсична хемикалија одговорна за настанување на ракот и на многу други заболувања

0
1293

Станува збор за супстанција под називот акриламид пронајдена во намирници како чипсот, помфритот, кафето и кексите разни производи од житарки.

До формирање на акриламид во ваквите намирници доаѓа како последица од хемиска реакција до која доаѓа со приготвување на наведените намирници на високи температури. Акриламидот е најлесно да се препознае по кафената боја која се формира при пржењето или печењето на намирниците.

Најголеми количини акриламид се создаваат во намирници кои се богати со јаглени хидрати кои се изложуваат на температури повисоки од 120 степени Целзиусови, при услови на намалена влажност.

Во токсичните дејства на акриламидот спаѓаат неговото карциногено дејство, влијанието врз репродуктивното здравје, а неговото внесување во текот на бременоста значително влијае на општото здравје на новороденчето. Сепак, во најчувствителната група секојдневно изложена на акриламид спаѓаат децата заради својата мала телесна тежина.

Како да го намалите акриламидот во храната

Заради токсичните дејства на акриламидот, внесувањето низ исхраната е потребно да се сведе на минимум. Мерките на заштита од акриламид вклучуваат целосно исфрлање или намалување на консумацијата на пржена храна. Наместо тоа, бирајте варена или храна приготвена на пареа.

Чувањето на компири во фрижидерот на температури помали од 4 степени Целзиусови, може да ја зголеми концентрацијата на акриламид при неговото приготвување.

Избегнувајте изразено пржена или загорена храна, а при самостојно приготвување на намирниците пржете до појава на златно жолта боја, а никако до појава на кафена боја која претставува веќе формиран акриламид во намирницата.

Фото: Pixabey