Како да ги решите дигестивните проблеми ако се прејадете после постот?

Наскоро завршува седумнеделниот пост па многу често верниците и другите кои го применуваат знаат наеднаш да се прејадат. Се разбира, тешко може да ѝ се одолее на богатата Божиќна трпеза после долгиот пост. Ако ви се случи тоа, имајте при рака јаболков оцет, цимет, ѓумбир, анис, нане или сода бикарбона

0
309

Во текот на постењето доаѓа до одредени биолошки промени. Нормалното производство на одредени ензими во текот на редовната исхрана се намалува или запира, во зависност од начинот на постењето (делумно или целосно исфрлање на сите производи со животинско потекло).

Постепеното уфрлање на храната која во текот на постот не била внесувана му дозволува на организмот повтпрно воспоставување на нормално производство на ензими.

Заштитната слуз на дигестивните органи во текот на постот исто така се произведува помалку, правејќи го дигестивниот тракт почувствителен на иританти како што е кафето и зачинетата храна. По престанувањето на постот, важно е да се прибегне кон постепено воведување на сите вообичаени намирници во исхраната.

Периодот на адаптација на редовната исхрана зависи од должината на постт. Доколку постот трае подолг период, потребни се барем четири дена за преоѓање на редовна исхрана. Овој период е 1 до 3 дена после пократок пост и еден ден кај еднодневните постови.

Во текот на адаптацијата треба да се користи храна која е богата со хранливи материи и е лесно сварлива и постепено да се воведуваат посложени јадења. Видот на постот го одредува и видот на намирниците со кои се преминува на нормална исхрана. За полесно да одредите со кој вид на храна треба да се почне прилагодувањето, користете ја подолу наведената листа:

Сокови од овошје и зеленчук

Свежо сирово овошје

Бујон од зеленчук или од коски

Јогурт, кисело млеко, кефир

Зелена салата и спанаќ

Варен зеленчук или чорба од зеленчук

Свеж сиров зеленчук

Добро варени житарки и легуминози

Јаткасто овошје и јајца

Останатите млечни производи

Месо и останати производи

Најдобро е да започнете со храната од првоте три точки од листава па постепено да ги додавате останатите. Корисно е да се придржувате кон остатокот од листата, бидејќи секоја следна намирница е посложена од претходната.

Потребно е да се води сметка и за следното:

Водете сметка за реакцијата на телото во текот на воведувањето на „нова“ храна. Обрнувајте внимание на можна алергиска реакција и рано препознавање на чувството на ситост за да се избегне прејадување.

Кога се прекинува постот, на телото му се потребни помали, но почести оброци. Постепено треба да се зголемува големината на оброкот и периодот помеѓу оброците, до постигнување на редовна рутина во исхраната.

Добро е да се земаат помали залчиња храна и добро да се изџвакаат за да се олесни варењето. На организмот ќе му се помогне и о додавање на „живи“ ензими и добри бактерии. Свежиот сиров зеленчук е полн со ензими кои добро делуваат на организмот и варењето. Пробиотиците или добрите бактерии можат да се најдат во ферментираните производи како што се јогуртот, киселата зелка и слични производи.

Сега е актуелно завршувањето на православниот божиќен пост. На Божиќ се подготвува богата трпеза на која е тешко да ѝ се одолее. Затоа веројатно нема да имате време за овие подготовки и придржување до листата но барем внимавајте на количината и не претерувајте со печење, сарми, пача и торти.

Доколку сепак претерате имајте ги следниве помошни средства за решавање на дигестивните проблеми со кои сигурно ќе се соочите доколку лакомо навалите на храната.

Јаболков оцет. Има алкализирачко дејство, кое помага за регулирање на варењето. Во чаша вода додадете супена лажица јаболков оцет и едно лажиче мед и добро измешајте. Овој напиток пијте го два до три пати дневно за брзо опоравување.

Семе од анис. Ова е многу корисно за отстранување на дигестивните проблеми предизвикани од зачинета и мрсна храна. Омага за отстранување на мачнините и за контрола на гасовите.

Пола кафена лажичка прав од семе од анис измешајте во малку вода. Земајте два пати дневно. Чај од семе од анис се прави такашто две лажички здробено семе се преливаат со шолја врела вода и се оставаат да стојат десет минути:

Изџвакајте полна лажица семе од анис заради отсранување на дигестивните симптоми.

Ѓумбир. Го стимулира производството на дигестивни сокови кои помагаат за варење на храната. Ве кафени лажички сок од рендан ѓумбир помешајте со лажичка мед во чаша вода и испијте.

Домашен чај од ѓумбир се прави такашто кафена лажичка ѓубир во прав ќе варите во вода 5 до 10 минути. Секако, чај можете да направите на истиот налин и со рендан свеж ѓумбир.

Сода бикарбона. Дигестивните проблеми обично настануваат во текот на зголемена желудочна киселина, а содата бикарбона е едноставен и ефикасен антацид (намалувач на желудочна киселина). Пола кафена лажичка сода бикарбона растворете во пола чаша вода. Овој напиток на неутрализира киселината и ослободува од надуеност.

Чај од нане. Го смирува стомакот и ги отстранува дигестивните проблеми. Оладен чај од нане се пие полека и со мали голтки.

Кумин. Зазема значајно место во Ајурведската медицина како лек против дигестивни пробеми. Куминот ја стимулира и секрецијата на ензимите на панкреасот кои се потребни за долго варење. Кафена лажичка кумин во прав растворете во чаша вода и испијте.

Кориандер. Тој е ефикасен зачин кој ги отстранува дигестивните проблеми и потпомага за создавање на дигестивните ензими.

Босилек. Тој е одлично ајурведско средство за отстранување на симптомите на отежнато варење. Една лажичка восилек прелијте со шолја врела вода и оставете да отстои 10 минути. Испијте три шолји во текот на денот.

Цимет. Тој е лесно достапно средство за отстранување на дигестивните проблеми. Особено е ефикасен за ослободување од грчевите и надуеноста.

Половина лажичка цимет додадете во шолја зоврена вода, оставете неколку минути и испијте додека е уште топло.

Фото: Pixabey