Како да ги чувате намирниците за подолго да траат?

Кромидот чувате го во шпајз, подалеку од компирот, а поблизу до јаболката. Зрелите домати чувајте ги на собна температура, а презреаните во фрижидер.

0
289

Секогаш ни е жал кога треба да се фрли храната што сме ја заборавиле во фрижидер. Еве неколку едноставни совети како одделни намирници да траат што подолго.

Печурки (сите видови)

Печурките чувајте ги во хартиени кесички во фрижидер, а не во пластични. Пластичните кесички создаваат влага и побрзо ги расипуваат.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови потпечете ги веднаш штом ќе ги купите и ставете ги во стаклени тегли. Чувајте ги на темно место.

Ѓумбир

Ѓумбирот чувајте го во замрзнувач, полесно ќе се ренда и ќе се лупи, а и подолго ќе ви трае.

Домати (зрели, незрели и презрели)

Незрелите домати би требало да се чуваат во хартиена кеса, со стебленце надолу на сончево место. Ако сакате побргу да дозреат, чувајте ги заедно со овошјето. Зрелите домати чувајте ги на собна температура, не на светло. Презреаните домати чувајте ги во фрижидер, но извадете ги на собна температура неколку минути пред консумирање.

Целер и брокула

Целерот и брокулата покријте ги со алуминиумска фолија и чувајте ги во фрижидер. Така ќе останат свежи повеќе од 4 недели.

Кромид (млад кромид, црвен, бел и виолетов, лук)

Ако го чувате кромидот во плакар или во шпајз, може да ви трае и 8 месеци. Не го чувајте заедно со компирот, побрзо ќе се расипе. Ставете го до јаболката, тие ќе помогнат да остане подолго свеж.

Магдонос, босилек, коријандер

Чувајте ги како тукушто набрано цвеќе. Отсечете им ги стебленцата, ставете ги во вода, прекријте ги со пластична кесичка и ставете ги во фрижидер. Така ќе останат свежи и крцкави со недели.

Зелена салата

Зелената салата чувајте ја такашто ќе ја искинете, ќе ја ставите во некој сад, потоа ќе ставите на неа кујнска крпа и ќе ја прекриете со пластична фолија. Кујнската крпа ќе ја упие влагата, а салатата ќе остане свежа!

Банани

Бананите секогаш купувајте ги споени и не ги кршете една по една и на истиот начин и чувајте ги. Бананите се чуваат на собна температура, но со пластична фолија обложете им ги стебленцата, така ќе траат некој ден плус.

Зачински билки

Зачинските билки замрзнете ги во маслиново масло. Билките ќе го впијат маслиновото масло со замрзнувањето, а и коцките замрзнато маслиново масло се многу практични при готвење: само уфрлете ги во јадењето! Функционира одлично со рузмарин, жалфија, мајчина душица и оригано.

Фото: Pixabey