Како да го претворите белиот леб во здрава храна?

Зарем и тоа е можно? Ете, велат дека е можно. И тоа со едноставен трик со кој се намалува нивото на глукоза па наместо шеќер, ќе добиете јаглени хидрати

0
341

Многумина советуваат  да се избегнува консумирањето на бел леб (иако бројни истражувања покажале дека лебот е неизбежен дел од трпезата во дури 76 отсто од домаќинствата во Европа) поради високиот гликемиски индекс, односно поради високиот број кој го покажува интензитетот на лачење на инсулин по внесувањето на некоја намирница.

Меѓутоа, постои еден трик кој го прави многу здрава намирница која нема да може да ви наштети.

Ако го замрзнете пред да го јадете, ќе се намали двојно нивото на глукоза, па наместо со шеќер, лебот ќе ги нахрани вашите мускули со јаглени хидрати кои ни се и тоа како потребни.

Овој трик можете да го примените на било кој леб, од домашниот до купечкиот.

Фото: Pexels