Како да испечете највкусен леб

Штом еднаш ќе ја усовршите техниката, ќе посакате постојано да си правите домашен леб.

0
2125

Крцкавиот, свежо-печен леб ќе ја исполни вашата кујна со незаменлива арома на дом и топлина, а на вашите секојдневни оброци ќе им даде посебен шмек. Но, за оние кои немаат искуство со правење леб, процесот може да им се чини доста комплициран. Токму затоа, во продолжение ви даваме неколку совети кои ќе ви ја олеснат подготовката и ќе ве разубедат дека правењето домашен леб е сложена работа. Штом еднаш ќе ја усовршите техниката, ќе посакате постојано да си правите домашен леб, а верувајте домашните парчиња леб ќе исчезнат од трпезата многу побргу од оние купечките.

1. Користете брашно за правење леб

Брашното за правење леб е богато со глутен (протеинот што му дава еластичност и структура) и содржи други агесни за нараснување кои го прават лебот да се испече убаво и да добие крцкавост. Сенаменското брашно, исто така, ќе заврши работа во рецептите за правење леб, но специјалното брашно ги дава најдобрите резултати. За да си направите свое брашно за леб, само додајте 1 лажица овесен глутен на секоја шолја сенаменско брашно која ја ставате.

2. Како да избегнете прстите да ви се лепат за тестото

Ако рацете ви се излепат за тестото при месењето, истријте ги со малку брашно. Брашното ќе ви помогне да ги исчистите рацете од вишокот тесто и ќе ви помогне убаво да го измесите тестото, без лепење.

3. Планирајте го времето

Нема потреба да изгубите половина ден за да испечете една векна леб. Тестото ќе преживее и ако го оставите половина час помалку да нараснува, или ако скратите од времето потребно за печење (едноставно направете ги векните помали). Исто така, можете да го искористите фрижидерот, ладењето на тестото го забавува процесот на нараснување, па така наместо преку ден да го чекате лебот да нарасне пред печење, можете едноставно да го оставите тестотот во фрижидер преку ноќ.

4. Пресечете правилно

Сечете го лебот со нож со рецки, наместо со рамен нож. Ножот со рецки ќе ја пресече кората без при тоа да ја смачка внатрешноста на парчето.