Како да направите бешамел сос

0
1163

Иако француското име на овој сос може да ви звучи сложено, неговата подготовка е полесна отколку што мислите. Познат е како еден од главните сосови во класичната француска кујна. Бешамелот може да се користи во многу јадења, лазањи, макарони и сирење, па дури и во мусака.

Дополнително, ако додадете малку швајцарско сирење во бешамел сосот ќе добиете Морнеј сос.

Во рецептот се става бел пипер, за да не се гледа, но доколку не можете да го набавите, можете слободно да го испуштите или да ставите црн пипер.

Состојки:
1 3/4 шолји млеко
морско оревче, свежо мелено
1 ловоров лист
50 г путер
1 лажица брашно
1/4 лажичка сол

1 чешне лук (иситнето)

бел (црн) пипер, мелен

 

 

Приготвување:

Ставете го путерот во тенџере на средна температура, па додадете една лажица брашно и кратко пропржете но пред да потемни тргнете го од огнот и полека, постојано матејќи со рачна мешалка, додавајте го претходно подгреаното млеко.

Гответе додека да се згусне смесата и мешајте постојано. Зачинете го и тргнете го од огнот.